Тринаесетгодишно девојче и една жена загинаа во руски напад врз општината Козјатин, во украинската област Виница. Во нападот биле повредени уште четири лица, меѓу кои три деца, соопштија локалните власти и службите за итни случаи.Според началничката на Воената управа на областа Виница, Наталија Заболотна, ударот погодил парк меѓу студентски дом и образовна установа. Од Државната служба за вонредни состојби потврдиле дека руски дрон погодил дом на стручно училиште. По ударот се запалиле два автом