
Русија ќе продолжи со систематските напади врз Украина, најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по украинските напади врз нафтен терминал и врз военопоморска база во Санкт Петербург.
– Што се однесува до конкретниот одговор на овие нападите: информациите за ова се исклучиво право на регионалните власти и на нашето Министерство за одбрана. Но, генерално, можам да кажам дека специјалната воена операција продолжува, токму со цел да се спречат ваквите напади – наведе Песков.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека украинската армија уништила нафтен терминал во Санкт Петербург, како и фабрика за производство на оружје во Тамбовската област.
Погодениот нафтен терминал во Санкт Петербург е оддалечен од украинската граница 1.100 километри.
ЗЕЛЕНСКИ СЕ ФАЛИ ДЕКА ГО УНИШТИЛ СТ. ПЕТЕРСБУРГ Црн чад и пожари во родниот град на Путин
The post РУСИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО СИСТЕМАТСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ УКРАИНА Песков не открива каков ќе биде одговорот на украинскиот напад врз Санкт Петерсбург appeared first on plusinfo.mk.
ЗЕЛЕНСКИ СЕ ФАЛИ ДЕКА ГО УНИШТИЛ СТ. ПЕТЕРСБУРГ Црн чад и пожари во родниот град на Путин