Владата на Русија привремено го забрани извозот на одредени видови петрохемиски производи, со исклучок на земјите членки на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ).

Привремената забрана е воведена со цел да се обезбеди стабилно снабдување со суровини за домашните индустриски претпријатија.

Мерката ќе важи три месеци и ги опфаќа испораките на катран од јаглен, нафтен бензен, толуен, ортоксилен, параксилен и фенол.

Овие производи, меѓу другото, се користат во производството на бои и лакови за автомобилската и авијациската индустрија, бродоградбата и железничкиот сектор, како и за производство на амбалажа за храна, подни материјали, изолација за кабли и медицински производи.

Покрај земјите членки на ЕАЕУ, од забраната се изземени и петрохемиските производи што се превезуваат во рамките на меѓународен транзит, се испраќаат како меѓународна хуманитарна помош или се наменети за руски организации на норвешкиот архипелаг Свалбард.

Испораките на овие хемикалии од Русија веќе се предмет на санкции од Европската Унија.

The post РУСИЈА ГО ЗАТВОРА ИЗВОЗОТ НА ПЕТРОХЕМИСКИ ПРОИЗВОДИ Москва воведе забрана за извоз на клучни суровини appeared first on plusinfo.mk.