Во организација на Ротари клуб Струмица, во саботата, во свечената сала на хотелот „Сириус“ во Струмица се одржа донаторска винска вечер под мотото „Да наздравиме за добри дела“.

Настанот беше посветен на хуманоста, солидарноста и заедништвото, а присутните имаа можност да уживаат во дегустација на вина, дружење и музика, во духот на ротаријанските вредности и заложбите за општествена одговорност.

Во рамките на винската вечер беа претставени вина од 11 винарии и производители: „Далвина“, „Виника“, „Имако“, „Бовин“, „Лазар“, „Вардарска Долина“, „Маневи“, „Кукутанов“, „Венец“, „Дане Хермес“ и „Парагон“.

Донаторската вечер се одржа под препознатливото ротаријанско мото „Service Above Self“ – „Служење над личниот интерес“, со кое се истакнува значењето на несебичното дејствување и придонесот кон заедницата.

Со организацијата на овој настан, Ротари клуб Струмица ја нагласи важноста на хуманитарните иницијативи и поврзувањето на граѓаните и деловната заедница преку активности насочени кон општото добро. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

The post Ротари клуб Струмица организираше донаторска винска вечер под мотото „Да наздравиме за добри дела“ appeared first on Radio StrumicaNet.