
Романски борбен авион F-16 собори беспилотна летала која влезе во воздушниот простор на земјата, изјави романскиот претседател Никушор Дан, што претставува најнова повреда на воздушниот простор на членка на НАТО.
„Утринава околу 11 часот романски пилот во авион F-16 собори дрон кој влезе во воздушниот простор на нашата земја“, напиша Дан на социјалната платформа „Х“.
„Подрачјето беше ненаселено, па пилотот можеше да го собори без каков било ризик. Тимови од релевантните институции во моментов го пребаруваат теренот за да ги утврдат сите детали за инцидентот“, додаде тој. Претседателот не го наведе потеклото на дронот.
Романското министерство за одбрана објави дека летала е соборена во близина на местото Падина во регионот Бузеу на истокот од земјата.
Воздушниот простор на Романија, членка на НАТО и Европската Унија која дели 650 километри копнена граница со Украина, повеќепати беше повреден од руски дронови откако Москва почна да ги напаѓа украинските пристаништа во рамките на својата инвазија започната во 2022 година.
Еден дрон крајот на мај се удри во станбена зграда и повреди две лица, што беше прв случај во кој беше погодено густо населено подрачје на земја членка на НАТО и во кој беа предизвикани повреди за време на руската војна во Украина.