„Сакаме да видиме уште поголем напредок – една од областите за кои што зборувавте е за слободата на медиумите. Точно е дека таму се уште не очекува работа. Земјата треба да ја ревидира правната рамка во однос на медиумите, за да ја усогласи со законодавството и стандардите на ЕУ, особено со воведување на правила за целосна транспарентност за сопствеништвото на медиумите“, изјави евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас на денешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по повод извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

Тој беше запрашан од новинарка дека втора година по ред, Брисел потфрла да нотира дека наводно има медиуми, национални телевизии и новинари кои се под директна закана на СДСМ, за што рече новинарката дека се создава чувство на општа несигурност, со можност за закани за насилство кон новинарите кои работат во тие медиуми.

Рокас додаде дека се уште има работи кои треба да се завршат и дека областа поврзана со медиумите, го заслужува целосното внимание на ЕУ.

-Следиме се одблиску и ги нудиме сите можни совети кога тоа ќе биде побарано од нас, кога ќе не прашаат како можеме да придонесеме кон овие законски промени кои што ќе ги зацврстат медиумите на најдобар можен начин, порача евроамбасадорот.