Шестмесечниот Михо Николовски досега не поминал ниту еден ден дома. Додека неговата сестричка близначка Мина расте со семејството, тој веќе шест месеци се лекува во болница, каде што се соочува со сериозни здравствени проблеми.Бебињата се родиле предвреме, во седмиот месец од бременоста, и преживеале сепса. Мина успеала да се врати дома, но Михо останал во болница поради тешка бактериска инфекција и хидроцефалус.Поради здравствената состојба, главичката му е зголемена, не може самостојно да се х