Советникот од Левица во Советот на Општина Карпош, Дарко Ристовски денеска порача дека на Карпош му е потребен итен политички ресет, бидејќи граѓаните не гласаа за управување во сенка.

-Целиот процес на пренесување на ингеренциите беше спроведен крајно нетранспарентно и несериознo, сведен на еден лист хартија во А4 формат, со кој градоначалникот Лукровски, кој очигледно бил незадоволен од новата позиција и имал сериозни потешкотии да се снајде во функцијата што ја презеде, овластува лице од Советот да ја води општината во негово отсуство.

Јавна тајна е дека ВМРО-ДПМНЕ потроши огромни ресурси и политичка енергија за конечно да освои власт во Карпош, но резултатот од тој политички инженеринг е хаос, неизвесност и целосна парализа на општинските служби.  бидејќи реално оваа партија никогаш претходно немала победено во општината со свој кандидат за градоначалник, рече, меѓу другото, Ристовски во разговор за „Локално“.

Советници од Општина Карпош бараат Лукровски да се обрати пред граѓаните и јасно да каже дали е способен да ја извршува функцијата за која доби мандат