Обвинитеството на денешното судење против судијата Ѓоко Ристов обезбедуваше материјални докази од претресот во кој во семеен дом на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид, видео материјали од електронската комуникација на судијата со осудениот Љупчо Пецов и поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој го искористил своето влијание да зема пари за поткуп во име на обвинетиот судија.

Обвинителката Искра Хаџи Василева презентираше докази според кои судијата Ристов одлучувал по жалба на осудениот Љупчо Пецов како судија, а потоа како апелационен судија.

-Како доказен материјал се извештај од базни станици од Неготино од телефонски број на Ѓоко Ристов , од фрекфенцијата се гледа кога бил во Неготино, кога овој телефонски број зрачел на територија на Неготино, од контактите со телефонски број кој го користел осудениот Фехми Стафа, кажа на судењето обвинителката Хаџи Василева.

Таа потоа наведе дека ќе се изведуваат докази од надзорните камери од Апелационен суд, при што беа прикажани снимки од осудениот Стафа и судијата Ристов.

-На камерите се гледа осудениот Фехми Стафа како чека и влегува кај обвинетиот Ѓоко Ристов. Како што гледате судијата на Стафа му ја отвора вратата во Апелациониот суд каде треба авторизација за влез и дека од надзорните камери се гледа како Фехми Стафа влегува во канцеларијата на судијата Ристов, рече обвинителката.

Стафа, поранешен државен правобранител, беше осуден дека од осудениот Љупчо Пецов зел мито од педесет илјади евра, за кои Стафа изјави дека ги земал за судијата Ристов, кој пак како судија одлучувал по жалби на Пецов.

Потоа обвинителката презентираше уште една снимка од надзорните камери во домот на судијата Ристов, каде се гледа дека пред лифтот во зградата во која живее судијата, осудениот Стафа му предава на судијата замотан украс. Обвинителката појасни дека снимката е од лани предновогодишните празници.

-Одземен е телефон од обвинетиот Ристов, кој го користел во декември лани, но кажал му паднал и му се скршил и го однел на поправка во мобилната, рече обвинителката.

Обвинетиот Ѓоко Ристов побара да даде забелешки на доказите кои ги изведе Обвинителството при што рече дека дека Обвинителството ги наведува неговите одлуки за осудениот Љупчо Пецов, кои се случиле многу порано од тоа за кое се товари.

-Обвинителството од петни жили се обидува да ги поврезе другите дела со овие за кои ме товари, а при тоа не се обезбедени докази за поткуп, а се предлагаат докази од постар датум од делата за кои сум обвинет. Во доказната постапка е наведено дека катот во куќата на моите родители сум го користел јас, а ќе видите од снимките дека таму има фотографии од мојот брат и јас воопшто не го користм тој кат. Зошто обвинителството чекало четри и пол месеци да побара докази од мобилниот телефон, кој е на мојот син, праша судијата Ристов.

Судијката Билјана Коцеска го прекина и го замоли да даде забелешки, а не да влегува во изведување на докази звршни зборови. Следното рочиште е закажано во јули.

Е.Б.