Од 62 локомотиви со кои располага Железница – АД Транспорт Скопје, во функција се само девет, а загубата за 2024 година изнесува 331,8 милиони денари или заедно со пренесените загуби од претходните години достигнува 6,75 милијарди денари, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Според ДЗР, друштвото располага и со 16 патнички гарнитури од кои во функција се 5 и 47 патнички вагони од кои две се во редовен сообраќај и се користат за превоз на патници.

Ревизорите утврдија неправилности и во начинот на управување и евидентирање на дел од залихите на суровини, материјали, резервни делови, ситен инвентар, амбалажа и авто гуми како и управувањето со нафтените деривати го оценија како несоодветно, недомаќинско и небезбедно.

The post Ревизија открива: Железница со години работи со загуби и проблеми во управувањето appeared first on Скопско ЕХО.