ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, по што ќе започнат разговорите со коалициските партнери за реконструкција на Владата, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека по настанот, кој ќе се одржи на стадионот во Струмица, ќе следуваат консултации за можните промени во владините редови.

Осврнувајќи се на прашањето за евентуални предвремени парламентарни избори, Мицкоски повтори дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е да се одржат редовни избори во 2028 година, бидејќи Владата добила четиригодишен мандат од граѓаните.

Сепак, премиерот нагласи дека секоја сериозна политичка партија мора да биде подготвена за избори во секој момент, без разлика дали станува збор за редовни или вонредни изборни процеси.

Во својата изјава тој ја критикуваше опозициската СДСМ, оценувајќи дека партијата избегнува политичко соочување на терен и покрај јавните критики кон Владата.

На новинарско прашање за најавите за повлекување на Али Ахмети од лидерската позиција во ДУИ, Мицкоски рече дека не сака да коментира внатрепартиски прашања, истакнувајќи дека истото го очекува и од другите политички субјекти кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ.

The post Реконструкцијата на Владата на маса по 17 јуни, најави Мицкоски appeared first on Скопско ЕХО.