Откако Народната банка на Србија (НБС) објави дека Извршниот одбор донел одлука за одземање на лиценцата за работа на Алта банка а.д. Белград и покренување на стечајна постапка, редици од загрижени граѓани се формирале пред филијалите на оваа банка во Нови Сад од раните утрински часови, во обид да си ги подигнат своите пари.

Повеќе од десетина граѓани биле снимени утрово пред филијалата на Алба банка во Нови Сад. Клиентите на оваа банка чекаат во ред по објавата од сабота наутро дека Алта останува без лиценца за работа.

Заедно со оваа информација доаѓаат и неофицијални и непотврдени податоци од одредени вработени кои стравуваат дека ќе ги изгубат своите работни места од понеделник.

За потсетување, според официјалното соопштение на НБС, одлуката за одземање на лиценцата е донесена со цел да се заштити имотот на штедачите откако контролата утврди критично влошување на ликвидноста на банката.

Должностите на стечајниот управник ги презема тамошната Агенција за осигурување на депозити (АОД), која е обврзана со закон да обезбеди исплата на осигурените депозити.

Народната банка на Србија апелира до граѓаните да ги следат официјалните најави на регулаторот и Агенцијата за осигурување на депозити, преку кои ќе биде објавен точниот распоред и локациите каде што ќе започне исплатата на гарантираните средства.

Според податоците на НБС, Алта банка е блокирана од 30 октомври 2026 година.