Вооружен инцидент поради претходни деловни недоразбирања бил пријавен вчера попладне во СВР Скопје, по што едно лице е лишено од слобода.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јуни околу 14:30 часот, 29-годишниот Е.М. од селото Ласкарци пријавил дека додека работел со свој пријател во објект во изградба на патот Сарај–Матка, на местото пристигнале неговиот татко Е.М. (57) и неговиот чичко С.М. (45), со кои имал претходни деловни несогласувања.Како што навел пријавителот, откако им побарал да го напуштат објектот, тие започнале да пукаат кон градилиштето со пиштол и ловечка пушка, при што било оштетено неговото патничко возило.По преземените активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 57-годишниот Е.М. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и муниција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.Расправија меѓу роднини заврши со пукање кон објект во изградба
Вооружен инцидент поради претходни деловни недоразбирања бил пријавен вчера попладне во СВР Скопје, по што едно лице е лишено од слобода.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јуни околу 14:30 часот, 29-годишниот Е.М. од селото Ласкарци пријавил дека додека работел со свој пријател во објект во изградба на патот Сарај–Матка, на местото пристигнале неговиот татко Е.М. (57) и неговиот чичко С.М. (45), со кои имал претходни деловни несогласувања.Како што навел пријавителот,...
Вооружен инцидент поради претходни деловни недоразбирања бил пријавен вчера попладне во СВР Скопје, по што едно лице е лишено од слобода.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јуни околу 14:30 часот, 29-годишниот Е.М. од селото Ласкарци пријавил дека додека работел со свој пријател во објект во изградба на патот Сарај–Матка, на местото пристигнале неговиот татко Е.М. (57) и неговиот чичко С.М. (45), со кои имал претходни деловни несогласувања.Како што навел пријавителот, откако им побарал да го напуштат објектот, тие започнале да пукаат кон градилиштето со пиштол и ловечка пушка, при што било оштетено неговото патничко возило.По преземените активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 57-годишниот Е.М. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и муниција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.