
Британскиот комичар Расел Бренд е прогласен за виновен за силување на 21-годишна обожавателка што ја запознал по еден од неговите настапи во лондонскиот „Хамерсмит Аполо“ во 2009 година. По изрекувањето на пресудата, судијата одлучи да го испрати во притвор, објаснувајќи дека поради сериозноста на злосторствата, го очекува значителна затворска казна.
Судијата Бенатан му се обрати на Бренд откако поротата ги соопшти одлуките.
„Седнете, господине Бренд“, рекол судијата, авпотоа им се обратил на обвинителите и додал дека, со оглед на пресудата по најмалку една точка од обвинението, ќе следи значителна затворска казна.
Судијата оценил дека случајот бил многу добро подготвен и најавил дека рочиштето на кое ќе биде одредена казната ќе се одржи в понеделник.
Поротата утврдила дека Бренд за виновен за силување на 21-годишна обожавателка, која ја запознал по настапот во салата „Хамерсмит Аполо“ во 2009 година.
Тој исто така е прогласен и за виновен за сексуален напад врз вработена во радиостаница која ја сретнал во ходникот во 2005 година.
Расел е виновен и за сексуален напад врз вработена во Канал 4, во текот на присилна масажа во 2009 година.
Покрај тоа, поротата го прогласила за виновен за недолично допирање на друга вработена на Ем-ти-ви во текот на забавата во еден бар во лондонскиот Сохо во 2004 година. Меѓутоа, тој бил ослободен од обвинението дека потоа орално ја силувал во тоалетот.
Ослободен од обвиненијата за уште две кривични дела
Бренд не е прогласен за виновен за силување жена што ја запознал на кабаретски настап во текот на конференцијата на Лабуристичката партија во Борнмут во 1999 година.
Поротата го ослободила и од обвиненијата дека во 2001 година се обидел да одвлече вработена на Ем-ти-ви во бањата за сексуално да ја нападне.
Така, од вкупно пет точки од обвиненијата што се однесувале на силување, сексуални напади и обид за непристоен напад, Бренд бил прогласен за виновен за едно силување и три сексуални напади, додека по две обвиненија за силување и еден обид за непристоен напад бил ослободен.
Судија: Го очекува значителна затворска казна
По објавувањето на пресудата, судијата Бенатан соопштил дека последиците од пресудата речиси сигурно ќе бидат долготрајна затворска казна.
„Осудени сте за голем број кривични дела, вклучително и силување. Последицата од тоа неизбежно ќе биде значителна затворска казна. Мојот моментален став е дека поради тоа морам да ви одредам притов“, рекол судијата.
„Да, чесен судија“, одговорил Бренд.
Британскиот комичар не покажал никакви емоции додека го изведувале од судницата и го воделе во притвор. Во текот на читањето на пресудите стоел исправено во судницата, а во еден момент ги затворил очите кога бил прогласен за виновен за силување на млада обожавателка.