Нискобуџетната авиокомпанија Рајан Ер повторно привлече внимание со својата препознатлива доза на сарказам, овојпат на сметка на италијанската фудбалска репрезентација.Сè започна откако Италијанската фудбалска федерација објави фотографија од репрезентативците како се качуваат во авион, придружена со краткиот опис: „На пат“.Рајан Ер експресно реагираше на социјалната мрежа X со прашањето: „А каде точно патувате?“Коментарот брзо стана вирален, бидејќи претставуваше директна алузија на фактот дека Италија третпат по ред не успеа да се пласира на Светското првенство. Последен пат „азурите“ настапија на Мундијалот во 2014 година.Инаку, италијанската репрезентација, предводена од привремениот селектор Силвио Балдини, во средата го совлада Луксембург со 1:0 во пријателски натпревар. Сезоната ќе ја заврши во недела со уште една контролна средба, овојпат против Грција.Рајан Ер и претходно беше позната по своите духовити и провокативни објави на социјалните мрежи, но овојпат шегата на сметка на четирикратниот светски шампион предизвика бројни реакции кај навивачите.