Работната група за реформи во изборното законодавство ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од институциите, политичките партии, граѓанските организации и другите релевантни чинители.
Од Министерството за правда информираат дека процесот на подготовка на измените на Изборниот законик продолжува со активно учество на сите засегнати страни, со цел унапредување на изборниот систем и негово усогласување со меѓународните стандарди.
На денешната седница бил потврден напредокот во реформскиот процес, а членовите на Работната група воделе детална и конструктивна расправа за прашања поврзани со транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес.
Според Министерството за правда, работата на групата се одвива во позитивна атмосфера, со висок степен на професионалност, дијалог и заедничка посветеност кон зајакнување на демократските стандарди и изборните процедури во државата.
The post Работната група ги разгледа предлозите за измени на Изборниот законик appeared first on Прва Скопска ТВ.