
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска дека Западот се обидува да ги поткопа руската економска и научна сфера, но дека рускиот народ не може да се скрши.
„Стремејќи се да ја затресат руската држава и да предизвикаат општествени поделби во земјата, западните држави се обидоа да ја задушат нашата економија, финансискиот систем, банкарскиот сектор и да го поткопаат потенцијалот на науката, индустријата и образованието“, рече Путин.
Тој наведе дека западната коалиција сега отворено користи терористички методи против руското население, јавува Спутник.
Путин изјави дека на бројните искушенија и надворешни проблеми рускиот народ одговорил со внатрешно единство.
„Изминатите пет години беа предизвикувачки за нашата земја“, рече Путин и додаде дека Русија оддамна се соочува со незаконски ограничувања и обиди за ограничување.
„Од 2022 година Западот ја пушти русофобичната машина во полн отек“, порача Путин.
Тој изјави дека Западот поставува глобални „рекорди“, како по бројот на санкции кон Москва, така и по нивната целосна неефикасност.