
Бруто домашниот производ (БДП) на Русија според паритетот на куповната моќ и понатаму се наоѓа на четвртото место во светот и на првото место во Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со пратениците од Државната дума.
„Русија и понатаму според паритетот на куповната моќ го зазема четвртото место во светот, по Кина, Соединетите Американски Држави и Индија. Четврто. И прво во Европа“, прецизираше Путин.
„Исто така предничиме во однос на Европската Унија според стапките на економски раст. Но, секако, би сакале повеќе. Секако. Сепак, постојат ризици, ризици од раст на инфлацијата и последиците поврзани со тоа“, изјави рускиот лидер.
Освен тоа, тековната политика нуди значајни предности, додаде тој.
„Која е таа клучна предност? Тоа е отпорноста на рускиот економски и финансиски систем, тоа е најважното. Отпорност која ни овозможува да решаваме разни прашања, како и да работиме на развојот на индустријата во целина, вклучително и одбранбениот сектор, и на решавањето на социјалните прашања“, заклучи Путин, пренесува Спутник.
Да потсетиме, Путин одржа средба со пратениците по последната пленарна седница на Државната дума од осмиот свик. Рускиот претседател исто така им се заблагодари на пратениците во Државната дума за нивната ефикасна работа, зајакнувањето на државниот суверенитет и заштитата на националните интереси на земјата.