Жена била касната од куче на улицата Глигор Пазавански во Кратово, откако животното, според полицијата, било пуштено без надзор и без заштитна маска.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на 12 октомври, а кучето ја каснало М.К.

Поради случајот, ОВР Кратово поднесе кривична пријава против 35-годишна жена од Кратово, која е осомничена за кривичното дело „предизвикување општа опасност“.

The post ПУШТИЛА КУЧЕ БЕЗ НАДЗОР, ТОА КАСНАЛО ЖЕНА Кривична пријава за 35-годишна кратовчанка appeared first on plusinfo.mk.