Пукна во МРТ, прво ревизија потоа финансиска полиција тресат сомнителни договори на државниот јавен сервис со познати видео продукциски куќи.
Инсајдерски извор до Новатв.мк засега анонимно но со ветување дека наскоро ќе сподели детали, дојави дека ревизијата констатирала, а полицијата истражува повеќе сомнителни договори за исплатени пари од страна на јавниот радио дифузен сервис но и за договорени, а не испорачани или редуцирано реализирани главно телевизиски проекти од страна на продукциски куќи.
Сомнежите упатуваат вкупно на повеќе милионски зделки со арома на перење државни пари од страна на „еминентни“ видео продукции кои заедно со матичната договорна страна од куќата, заталкале во криминал со исплатени нереално суми за производство и за наводно производство на телевизиски продукти.
Во исто време, внатрешни квалитетни кадри на плата во јавниот сервис, не можеле да ги реализираат своите програмски идеи токму поради енормно големата ангажираност на надворешни продукции.
Оттука, истрагите се и во насока на утврдување на договореното и на оствареното од една и на нереализираното или делумно реализираното од друга страна.
Посебно се чешлаат договори со претерано напумпани цени од страна на продукциските куќи, договори кои ги прифатил менаџментот на куќата во претходниот состав.
Што во меѓувреме работеле контролните механизми во Македонската радио телевизија како Програмскиот и Надзорните одбори на МРТ, веројатно и тоа ќе биде тема на темелна истрага.
Инаку, за темава, за прекумерното ангажирање надворешни продукции за производство главно на ТВ програма, во јавниот сервис МРТ, во тамошните кулоари па и пошироко во јавноста, се слушаше и се чекаа одговори речиси цела деценија.