Пукање во Русија: Ранет директор на компанија што развива дронови
Директорот на руска компанија за развој на беспилотни летала денеска е хоспитализиран откако бил ранет во вооружен напад во градот Тула, јавуваат руските медиуми. Надлежните органи случајот го третираат како обид за убиство.Според информациите, станува збор за Андреј Черезов, кој бил нападнат во зграда во Тула, град што се наоѓа на околу 190 километри јужно од Москва.Рускиот портал „Маш“ објави дека напаѓачот го чекал Черезов на скалите од зградата, на четвртиот кат. Кога директорот се појавил,