Националниот парк „Шар Планина“, во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), ги спроведе првото организирано пребројување и проценката на популацијата на дивокозата во зоната на строга заштита Лешница.Истражувањето опфати три лешнички долини, каде што биле забележани здрави стада со единки од различна возраст и пол, вклучително и подмладок. Според надлежните, овие показатели упатуваат на добра состојба на популацијата, а на набљудуваните места има и соодветни услови за исхрана.Резултати