Дете почина од заболување поврзано со мали сипаници во руралниот дел на северот на американската држава Њујорк, соопштија здравствените власти. Ова е прв смртен случај од ваков вид во државата по повеќе од три децении и четврти во САД од почетокот на годинава.Според податоците на здравствените служби, до 30 октомври во САД биле потврдени 4.666 случаи на мали сипаници, речиси двојно повеќе од вкупниот број во текот на минатата година. Во државата Њујорк, до 24 октомври биле регистрирани 178 случа