Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги извести граѓаните дека од 8 до 10 јуни ќе се реализира првото годинешно прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на општините од Југоисточниот плански регион.
Во општина Струмица, третманот ќе се спроведе на 8 јуни во градското подрачје, а на 9 јуни во населените места. Во двата дена прскањето ќе започне во 22:00 часот.
Од Центарот апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства, додека граѓаните се повикуваат за време на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено во подрачјата каде што ќе се врши прскањето.
Доколку временските услови не дозволат реализација на активностите во предвидениот термин, третманот ќе биде одложен и ќе се спроведе во првиот нареден ден со поволни временски услови.
Акцијата се реализира со цел намалување на популацијата на комарци и заштита на здравјето на населението во Југоисточниот плански регион.
The post Прскање против комарци во Струмица на 8 и 9 јуни, апел до пчеларите да преземат заштитни мерки appeared first on Radio StrumicaNet.