
Со дури 244 километри на час се движел 21-годишен возач од Батинци на автопатот Скопје-Гевгелија, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час, објави МВР.
Поради екстремното пречекорување на брзината, полицијата го лишила од слобода, а возилото му било одземено по наредба на обвинител.
Според МВР, случајот бил откриен на 13 јуни околу 20 часот кај селото Милетково, во близина на Гевгелија.
„Полициски службеници констатирале дека И.Р.(21) од село Батинци управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде што ограничувањето е 120 километри на час“, соопшти МВР.
Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Брзината од 244 километри на час е една од највисоките регистрирани на македонските патишта во последниот период. Со таква брзина, возилото се движи со речиси 68 метри во секунда, што значително го намалува времето за реакција и го зголемува ризикот од тешки сообраќајни последици.
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол.
The post ПРОШИШАЛ КАЈ МИЛЕТКОВО СО 244 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС! Една од највисоките брзини измерени на македонските патишта appeared first on plusinfo.mk.