
Во близина на реката Лепенец во селото Орман, скопско, било пронајдено човечко тело во напредна фаза на распаѓање, информираат од полицијата.
Настанот бил пријавен на 8 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје, по што полициски екипи излегле на терен и извршиле увид.
Според првичните информации, кај телото била пронајдена автобуска картичка на име Ј.М. (70), женско лице од Скопје, што засега се смета за можен индикатор за идентитетот.
По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено во Институтот за судска медицина, каде што ќе се врши обдукција за утврдување на точните околности за смртта.
The post ПРОНАЈДЕНО ЖЕНСКО ТЕЛО ВО РАСПАЃАЊЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ Автобуска карта откри дека тоа е 70-годишна скопјанка appeared first on plusinfo.mk.