Спасувачките тимови во Индонезија успешно ги пронајдоа 11-те европски туристи и еден локален член на екипажот кои исчезнаа откако нивниот глисер потона во близина на островот Сулавеси поради силното невреме. Потрагата сега е насочена кон 29-годишниот капетан, кој сè уште не е пронајден.Пловилото тргнало рано наутро од нуркачки центар во покраината Централен Сулавеси кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало. Спасувачката акција започнала неколку часа подоцна и траела во текот на ц