
На планината Елбрус на Кавказ денес беа пронајдени телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина, дел од седумчлена група која побарала помош додека се спуштала од планината, соопшти денес Истражниот комитет на Руската Федерација.
„Телата на уште три жртви се пронајдени и нивната локација е позната, но тие сè уште не се евакуирани поради лошо време“, изјави извор за РИА Новости.
Група од седум граѓани на Босна и Херцеговина самостојно се искачувала на Елбрус, без помош на професионален водич, а синоќа се обратиле на спасувачите за помош откако не можеле да го продолжат спуштањето од висина од 5.100 метри.
View this post on Instagram
The post ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛАТА НА УШТЕ ТРОЈЦА БОСАНСКИ ПЛАНИНАРИ Лошото време на планината Елбрус ја отежнува акцијата appeared first on plusinfo.mk.