Во две одделни полициски акции во Гостивар и Тетово, приведени се четири лица, а при интервенциите била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 22 јули во 17:40 часот на улицата „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Д.С. (27) и Ј.Х. (27), двајцата од Гостивар. При преглед кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ј.Х. била пронајдена банкнота од 1.000 денари со остатоци од бела материја. По целосно документирање на