
Вчера околу осум часот наутро полицијата пронашла починат американски државјанин во хотел во центарот на Скoпје.
-Во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.