На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во атарот на истото село, кај Подгоречкото езеро во близина на македонско-албанската граница, пронајдоа човечки череп и други предмети, информира СВР Охрид.

Во соработка со други надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, се вели во информацијата. 

The post ПРОНАЈДЕН ЧОВЕЧКИ ЧЕРЕП КАЈ СТРУШКО ЛАБУНИШТА Се испитува дали припаѓал на убиен човек appeared first on plusinfo.mk.