Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 18 до 22 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 20 степени.