Бројот на загинати во саудиските воздушни напади врз Јемен се зголеми на 33, додека 39 лица се повредени, објавија медиумите под контрола на јеменските бунтовници Хути. Првичните информации говореа за најмалку 22 загинати и 30 повредени.Меѓу жртвите во местото Ал Шарија, источно од главниот град Сана, има жени и деца, пренесува Би-Би-Си. Во нападите во саботата биле уништени пет куќи, а потрагата и спасувачките активности продолжуваат.Нападите следувале еден ден по ударот врз преполн пазар во ју