Вчера, дваесет минути пред полноќ, полицијата уапсила двајца турски државјани, бидејќи физички нападнале полицајци при вршење на службена должност.

-На 24.07.2026 во 23:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ги лишија од слобода Б.Д.(23) и Е.Д.(54), двете од Турција, со регуилиран престој во Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата информираат дека двете лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.