Тетовската полиција ја уапсила директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, како што објавија дел од медиумите, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини, и раководител во ЈП, Вадедин Дервиши.

Се очекува двајцата наскоро да се појават пред обвинител, а судијата на претходна постапка да им одреди мерки на претпазливост.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, информираше дека веќе се преземени одредени чекори во врска со одговорноста за проблемите со градскиот водовод,

Тој соопшти дека директорката е суспендирана, заедно со уште неколку лица кои, како што посочи, биле одговорни за функционирањето на водоводниот систем. За себе вели дека не чувствува морална одговорност.

Премиерот Христијан Мицкоски бара одговорност на сите надлежни институции. Вели, на потег е Обвинителството коешто треба да излезе со квалификација.

Владата обезбедува вода за пиење за гостиварци. Од СДСМ пак прстот го вперија во новиот министер за здравство, Сашо Клековски.