Триесет и двегодишен жител на струшкото село Лабуништа е приведен откако полицијата кај него пронашла бела прашкаста материја.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лицето било лишено од слобода на 27 јули 2026 година околу 22:20 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Струга.

Според полицијата, откако ги забележал полициските службеници од ОВР Струга, тој фрлил пакување со бела прашкаста материја, кое било пронајдено и одземено.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Приведен жител на Лабуништа, фрлил пакување со бела прашкаста материја пред полицијата appeared first on Скопско ЕХО.