Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“, е приведен ноќеска. Претходно полицијата повеќе од 30 часа, уште од саботата, вршела претрес во просториите на „Алта банка“, на која во саботата рано наутро Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа и ѝ беше прогласен стечај.

Давор Мацура е доктор на науки во областа на менаџментот и бизнисот. Сопственик е и претседател на Управниот одбор на „Алта банка“ а.д. Белград, како и сопственик на „Алта пеј група“ (Alta Pay Group).

Мацура (43) се впуштил во бизнисот во 2008 година, кога ја отворил менувачницата „Алта“ во Земун како претприемачка дејност. Во меѓувреме, Мацура стана претседател на Здружението на менувачи на Србија, а во 2014 година претприемачката дејност прерасна во друштво со ограничена одговорност (д.о.о.).

Од 2016 година започнува неговиот подем. Таа година „Алта пеј“ стана платна институција, односно доби дозвола во нивните менувачници да се врши платен промет, како што е плаќањето сметки.