
„Пријавила, барала помош, а сепак не беше заштитена“: Смртта на 17-годишната девојка од Богданци ги разбуди гневот и прашањата за одговорноста на институциите
„Зошто реагираме дури кога ќе биде предоцна?“, прашува инфлуенсерката Сандра Кирков. Адвокатката Катерина Котеска предупредува дека повторно се соочуваме со трагедија на која ѝ претходеле пријави за насилство. Јавноста бара одговори, а Националната мрежа против насилство врз жените повикува на итна и независна истрага.
