
Четворица турски државјани се приведени во Скопје поради нерегулиран престој на територијата на државата, информираат од СВР Скопје.
Приведувањето е извршено на 11.06.2026 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, на подрачјето на општина Аеродром, во рамки на спроведување на планот за пријавно-одјавна служба за месец јуни.
Полициските службеници при СВР Скопје ги привеле Б.М.Б. (21), К.У. (25), А.Е. (24) и К.Б. (24), сите државјани на Турција, поради нерегулиран престој во земјата.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави и ќе се преземат понатамошни мерки согласно законските прописи.
The post ПРИЈАВИ ЗА ЧЕТВОРИЦА ТУРЦИ Престојот во Македонија им бил нерегулиран appeared first on plusinfo.mk.