Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од 1.140.781 евро во недвижен имот.Одлуката е донесена по предлог на одбраната на Бајрами, поднесен на 14 октомври, за замена на мерката притвор со гаранција. Судот го усвои барањето, но истовремено му определи и дополнителни мерки на претпазливост: одземање на патната исправа, забрана за издавање нова исправа за преминување