Бројот на нови случаи во Гостивар е речиси преполовен во однос на саботата, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.„Имаме преполовување на бројот на нови случаи. Имаме 293 нови случаи, што во однос на саботата, кога имаше над 600, е преполовување. Претпоставуваме дека препорачаните мерки го даваат посакуваниот резултат“, изјави Клековски.Според него, досега се направени 192 епидемиолошки анкети, преку кои треба да се утврди точната хронологија на настаните, како и да се идентификуваа