Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во работна посета на Истанбул, каде што учествува на бизнис форум посветен на зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција.

Во рамки на посетата, предвидени се средби со претставници на турски компании и бизнис-заедницата, при што акцентот ќе биде ставен на можностите за нови инвестиции, продлабочување на трговската размена и отворање нови перспективи за економска соработка меѓу двете земји.

Посетата е дел од активностите на Владата насочени кон привлекување странски инвестиции и создавање услови за економски раст и развој. Очекувањата се разговорите со турските инвеститори да придонесат за нови деловни партнерства и конкретни проекти од интерес за македонската економија.

Турција е еден од значајните економски партнери на земјава, а соработката меѓу двете држави во изминатиот период бележи континуиран развој во повеќе области.

The post Премиерот Мицкоски во работна посета на Истанбул appeared first on Скопско ЕХО.