Премиерот даде совршен одговор и конкретен, ставовите кои ги имаме како Влада сме ги искажале многу пати и дека поминување преку црвените линии нема да има, изјави за „Локално“, министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

На прашањето како го коментира одговорот на премиерот дека прашањето е духовито, за тоа дали Владата нема решение за отпочнување на преговорите по изјавата на евроамбасадорот Михаелис Рокас дека нон-пејперот од Франција и Германија нема да помогне ако нема уставни измени, министерот кажа дека преминување преку црвените линии нема.

-Да еве јас ќе ви кажам дека се уште сум оптимист како човек, иако вие поставивте едно духовито прашње, а за тоа што мислел амбасадорот ќе го прашате него, изјави вчера за „Локално“ премиерот Мицковски.

Тој одговарајќи на новинарски прашања вчера рече дека по разговорите со герамнскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседате Емануел Макрон е оптимист за нивната идеја за измени на начинот на проширување на Унијата.