ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека денеска, (четврток, 4 јуни), поради дефект на водоводната мрежа, ќе има прекин во водоснабдувањето на улицата „Младинска“, на потегот од куќен број 230 до куќен број 250.

Според информациите од претпријатието, прекинот ќе трае во периодот од 10:30 до 14:00 часот, додека екипите работат на отстранување на дефектот.

Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните за разбирање и трпение до нормализирање на водоснабдувањето.

The post Прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Младинска“ во Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.