РЦУК Скопје информира дека денеска ќе има планирани прекини на електричната енергија во делови од општините Бутел и Кисела Вода.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска во општина Бутел.
Во вториот термин, од 09:00 до 15:00 часот, прекин на електричната енергија ќе има на делови од булеварот „Борис Трајковски“, вклучително зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука, како и дел од корисниците на улицата „Михаил Чаков“ во општина Кисела Вода.
Од надлежните апелираат граѓаните да ги земат предвид најавените исклучувања при планирање на дневните обврски.
The post Прекин на струја во Бутел и Кисела Вода, повеќе улици без електрична енергија appeared first on Прва Скопска ТВ.