
Полицискиот Работен тим (Task Force) за борба против недозволената трговија со дрога спроведе координирана акција на територијата на целата држава, при што биле откриени поголема количина наркотични материи, оружје и приведени повеќе лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на викендот биле реализирани 13 претреси, а полициските службеници извршиле проверки на 197 возила и 295 лица.
Како резултат на акцијата, 13 лица биле лишени од слобода, а полицијата пронашла и одзела 79 пакувања со наркотични материи.
При спроведувањето на активностите бил пронајден и пиштол „Глок 17“ со муниција.
Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека ваквите активности продолжуваат и во наредниот период.
„Продолжуваме со континуирани акции насочени кон откривање на сторители, разбивање на криминални мрежи и спречување на нелегалната трговија со дрога“, соопштија од МВР.
Оттаму додаваат дека борбата против недозволената трговија со дрога останува еден од приоритетите на полицијата, а акциите ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава.
The post ПРЕГЛЕДАНИ НАД 200 ВОЗИЛА, НАЈДЕНА ДРОГА И ОРУЖЈЕ „Task Force“ уапси 13 лица во координирана акција appeared first on plusinfo.mk.