
Светски познатата манекенка Лара Стоун (41) се огласи на социјалните мрежи и откри дека неодамна ѝ е дијагностициран рак на дојка. Холандската манекенка одлучила да ја сподели оваа интимна вест во текот на месецот на свесност за ракот на дојка за да ги охрабри жените да прават редовни самопрегледи и да одат на лекар, истакнувајќи дека е благодарна што болеста е откриена во рана фаза.
Супермоделот Лара Стоун поминува низ исклучително тежок период откако ѝ беше дијагностицирана лошата болест. Таа одлучи да направи исклучок во својата досегашна работа и јавни активности, со оглед на тоа што својот приватен живот инаку го држи подалеку од очите на јавноста.
View this post on Instagram
Таа им се обрати на своите следбеници преку социјалните мрежи и отворено проговори за борбата со која се соочува:
„Бидејќи сè уште е официјално Месец на борбата против ракот на дојка, сакав да споделам со вас дека неодамна ми беше дијагностициран рак на дојка и дека во моментов сум на лекување. Ова, се разбира, беше огромен шок за мене, но сум исклучително благодарна што болеста е откриена во рана фаза.“
Иако не ѝ било лесно да сподели толку интимни детали од својот живот, манекенката проценила дека нејзината приказна може да биде клучен поттик за многу жени кои го одложуваат одењето на лекарски прегледи.
View this post on Instagram
Потсетувајќи се на важноста на јавното зборување за сериозната и тешка болест, таа додала:
„Не споделувам често детали од својот приватен живот на социјалните мрежи, но ако оваа објава поттикне барем една личност да ги прегледа своите гради или да закаже преглед што го одложувала веќе некое време, вредеше да се сподели.“
Лара Стоун пораснала во Холандија, а светска слава во светот на модата стекна откако прошета по пистата на ревијата за висока мода на „Живанши“ во Париз во 2006 година. Стоун соработуваше и сè соработува со најголемите модни дизајнери, носеше бројни ревии и беше заштитно лице на светски модни куќи.
View this post on Instagram