Површината на шумите во Амазонија зафатени од пожари во текот на 2025 година се намали на најниско ниво во последните четири децении, покажува годишниот извештај на бразилската иницијатива за следење на животната средина „MapBiomas“.Според извештајот, пожарите минатата година зафатиле околу 3,1 милион хектари шума, што е приближно 80 проценти помалку во споредба со 2024 година. Намалување е забележано и на ниво на цел Бразил, каде што во 2025 година изгореле 12,7 милиони хектари, додека една год