Фотографиите од Португалија прикажуваат пожарникари како се борат со голем пожар во близина на селото Рабаса, во северниот округ Гуарда, недалеку од границата со Шпанија, објави Би-Би-Си.

Во источниот дел на округот, активни се пожари на три локации.

Португалскиот институт за море и атмосфера (IPMA) издаде црвено предупредување поради многу високиот ризик од пожар за голем дел од земјата.

Во некои области е на сила највисокото ниво на предупредување.

Ситуацијата во Франција и Шпанија е нешто подобра отколку во претходните денови, но пожарите се сè уште многу сериозни.

Вчера изгореа уште 500 хектари во Жиронд, но пожарникарите велат дека денот бил поповолен и дека новите жаришта се главно под контрола.

 

Досега во пожарот се уништени 240 куќи, повредени се вкупно 88 пожарникари, а на терен се ангажирани 2.750 пожарникари, 18 воздухоплови, 1.500 војници и 1.440 припадници на безбедносните сили.

Загина и еден доброволец (38).

Текстот Пожари се шират низ Португалија е превземен од А1он.