Голем пожар со силен интензитет избувнал денеска околу 18:45 часот во близина на складот на ЈП „Национални шуми“ во Струмица.
Како што информираат од ТППЕ Струмица, на терен интервенирале четири противпожарни возила и 13 пожарникари-спасители, кои успеале да го стават пожарот под контрола и целосно да го локализираат и ликвидираат за околу 50 минути.
Благодарение на брзата интервенција, во последен момент биле спасени неколку објекти кои биле загрозени од огнената стихија.
При интервенцијата, еден пожарникар-спасител се здобил со полесни повреди, по што му била укажана лекарска помош во струмичката болница.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се соопштени.
The post Пожар зад складот на „Национални шуми“ во Струмица, спасени неколку објекти – повреден пожарникар appeared first on Radio StrumicaNet.